Дури 93 проценти од жителите на Крим кои гласаа на денешниот референдум, се изјасниле за присоединување на Кримскиот Полуостров кон Русија, покажуваат резултатите од излезната анкета на Републиканскиот институт за полтички и социолошки истражувања. Како што јави ИТАР-ТАСС, според оваа анкета, само седум проценти од гласачите се изјасниле за останување на Крим во составот на Украина.
Резултатате од анкетата, спроведена на 200 гласачки места, се објавени веднаш по завршувањето на денешното изјаснување на референдумот.
Жителиете на Крим денеска решава дали се за отцепување на Полуостровот од Украина и за присоединување кон Русија или за останување во рамките на Украина, но со многу повисок степен на автономија.
САД и ЕУ, како и украинските власти, веќе соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.