| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите подолг период работат во врска со случајот „Актор“

вмро

Подолг период институциите работат за да утврдат дали има или нема нешто што е превземено од фирмата, а е противзаконски. Од друга страна апсолутно е сигурно дека сите постапки кои зависеле од државните институции се законски и според меѓународни стандарди, реагира владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски дека власта долго време го криела овој скандал се додека не го обелодени опозицијата.

– СДСМ продолжува да манипулира. ВМРО-ДПМНЕ многупати досега се произнесе за овој случај, но уште позначајно, за овој случај е дека се произнесоа и сите релевантни надлежни државни институции. Продолжувањето на оваа тема од страна на СДСМ коренспондира со многубројните информации кој кружат во јавноста, за свесно опструирање на истрагата и ширање на лаги и манипулации со сомнителна цел која секако не е во интерес на Република Македонија – стои во писмената реакција.

Во неа се додава дека дејствијата од страна на институциите во врска со овој случај се превземени, многу порано пред СДСМ да се обиде да го злоупотреби случајот.

– Дамјан Манчевски наместо да обработува за туѓи агенди на фактори кој не им мислат добро на Република Македонија, конечно треба да одговори колку пари добил од договорениот тендер со општина Куманово во вредност од близу пола милион евра. Да не се лаже господинот Манчевски дека некој ќе заборави дека неговата фирма добила огромен тендер од општина Куманово, веројатно заради неговите релации со Радмила Шекеринска – реагира ВМРО-ДПМЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top