
Пред извесно време во јавноста беше обелоденет имотот на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Република“ објави дека тој поседува трокатна куќа вредна 440 илјади евра со вкупна големина од 313 метри квадратни, два автомобили мерцедес и ауди, како и стан на негово име во скопската населба Кисела Вода со вкупна поврсина од 88 метри квадратни. Иако, според сфаќањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ова е човек кој припаѓа на средната класа, би рекле накај сиромашна класа, со оглед дека Заев со своите 6-7 милиони евра се смести во средна класа, секој друг би помислил дека човек кој поседува толку веден имот е значаен бизнисмен и има цела редица на фирми зад себе. Сепак тоа не е случај со Шлегов кој не е бизнисмен.
- Мерцедес што го вози сопругата на Шилегов
- Ауди во сопственост на Шилегов
- Куќата на Шилегов
- Куќата на Шилегов
- Автомобилите на Шилегови
Според официјалните податоци тој и неговата сопруга во нивната фирма се пријавени на минимална плата. Неговата сопруга официјално, за месец јануари, добива плата од 10.900 денари. Шилегов е пријавен на плата од 22.929 за истиот месец. Дали ова се приходи со кои може некој да си дозволи толкав имот?! Сигурно дека не. Ваквата несразмерност меѓу ниските пријавени приходи и големиот имот фрла сомнеж дека приходите се стекнати на друг начин.
Она што е последно познато во јавноста дека Петре Шилегов како носител на функцијата претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки во Владата на СДСМ одлучувал и носел решенија за доделување на бизниси и јавни набавки на фирми блиски до СДСМ и нивни спонзори. Во списокот се најдоа фирмата на сопругата на Бранко Црвенковски, СЕМОС, фирмата чиј сопственик е бизнис партнер на Заеви, „ Јавор шпед“, Д-р Пановски Веледрогерија и фирмата „Брилијант“ на Мите Николов. Петре Шилегов за овие случаи не се произнесе конкретно и не даде прецизен одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“







