| четврток, 6 декември 2018 |

Реприза на 11 септември. Киднаперите сакале Боингот да го забијат во малезиските близнаци?

kuli

Помина повеќе од една недела од исчезнувањето на Боингот 777  на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на посадата, а после многу теории за можната причина за неговото исчезнување, се почесто се спомнува онаа за можен терористички чин.

Некогашниот припадник на терористичката мрежа на Ал Каеда, Сајид Бадат изнел на њујоршкиот суд тврдење дека четворица или петина мажи од Малезија сковале план за превземање на авионот, така што во пилотската кабина би упаднале со детонација на бомба, која еден од нив ја сокрил во своите чевли, пишува Дејли Телеграф

Бадат преку видеолинк, од тајна локација некаде во Велика Британија, сведочел на судењето на Сулиман Абу Гаиту, зет на ликвидираниот шеф на Ал Каеда, Осама бин Ладе, па кажал дека се сретнал со група малезиски џихадисти од кои еден бил пилот. Се нашле во Авганистан, каде што тој лично ја предал чевлата опремена со скриена бомба.

Тој додал  дека идејата за киднапирање на авионот дошла од Калид Шеик  Мохамед, кој Американците го сметаат за главан оперативец за нападот на 11 септември на кулите близначки во Њу Јорк. Бадат во своето сведочење оценил дека Малезијците, вклучувајќи го и пилотот, биле спремни за спроведување на планот.

Во прилог на тврдењата дека таков план е навистина скроен идат најновите информации од малезиски0т премиер, Нагиб Разак, кој јавно потвдри дека двата комуникациски состава на изчезнатиот Боинг се исклучени намерно, од страна на некој во авионот. Објавено е и дека авионот освен гаснење на комуникациите, го променил курсот и нагло ја менувал висината на која летал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top