| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ денес го презентира отчетот за периодот 2011-2014

vmro-dpmne1_1

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе го презентира отчетот за работата во периодот од 2011 до 2014 година, кој што ќе може да се следи и во живо на Република ТВ.

Презентацијата на отчетот ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во „Александар Палас“.

Премиерот Никола Груевски во вчерашното гостување на Дневникот во Сител истакна дека отчетот е готов и завршен, а денес ќе биде дистрибуиран во поголем број на примероци.

-Партијата излегува со програма, во која е напишано ако ја добиеш довербата што ќе сработиш и како ќе го сработиш тоа. Откако граѓаните ќе ја дадат довербата, етички и човечно е кога ќе ти заврши мандатот, да излезеш да кажеш што од тоа е сработено, што не е и зошто не е – рече Груевски.

Тој нагласи дека тие се првата партија која настапува на ваков начин, со што ја смениле политичката клима.

-Не може да седејствува без програма. Сработеното ќе биде објавено на многу веб страни, ќе може секој да види, да прочита, да провери дали сме ја кажале вистина и потоа тоа да му влијае на следното гласање – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top