| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашот од Бања Лука: Морав да го убијам возачот, бидејќи ме навреди пред неколку години

бомбаш

– Морав да го разнесам возачот во автобусот – изјавил по апсењето бомбашот Жељко Стевановиќ (1965) кој го уби возачот, Боро Топиќ, со бомба фрлена во преполн автобус во Бања Лука. Најден беше по 37-часовна потрага, досега најголема во Република Српска. Се криел на релација меѓу населбите Лазарево и Трапист, но не во објекти, туку на отворен простор. Тој на 13 март, околу 10.45 часот, на автобуската станица во автобусот бр 2, фрли експлозивна направа и го усмрти возачот на автобус Боро Топиќ, а две лица беа повредени.
– Возачот многу ме навреди кога пред неколку години ме исфрли од автобусот. Тоа не можев да му го простам. Бомбата морав да ја фрлам во автобус полн со патници, бидејќи никако не можев да го начекам Топиќ кога е сам. Ова беше единствениот начин – изјавил Стевановиќ пред полицијата.
Центарот за јавна безбедност во Бања Лука поднесе пријава против Стевановиќ, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело, тешко убиство, во координација со кривичното дело неовластено производство и промет на оружје или распрскувачки материи. Најавено е дека ќе биде ставен и на психијатриско вештачење.
Топиќ, кој зад себе остави сопруга и две деца, вчера беше погребан во Бања Лука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top