| четврток, 6 декември 2018 |

Фицо и Киска водат на претседателските избори во Словачка

фицо

Социјалдемократскиот премиер Роберт Фицо, води во првиот круг на претседателските избори во Словачка, кој се одржа вчера, пред милионерот и филантроп, Андреј Киска, по пребројувањето на 97,7 отсто од изборниот материјал.

Роберт Фицо се наоѓа во водство со 28 отсто од гласовите, додека Андреј Киска заостанува со 24 проценти, според податоците на државната изборна комисија. Според тоа, нив двајцата се квалификуваа за вториот круг кој ќе се одржи на 29-ти март. Трет со мал заостаток од 21 отсто од гласовите, е младиот и амбициозен адвокат Радослав Прохаска.

– Овие избори се своевиден референдум за мене и за мојата партија Smer-SD – изјави синоќа Фицо, одговарајќи на забелешките на критичарите дека целата власт не смее да биде во рацете на една партија.

Победата на Фицо ќе ѝ овозможи на партијата Smer-SD да има целосна контрола над претседателството, над парламентот каде има 83 од 150 мандати од 2012 година, и во владата, што е биде прв таков случај откако Словачка стана независна во 1993 година.

Новиот претседател ќе стапи на должноста на 15-ти јуни, кога на актуелниот претседател од левицата Иван Гашпарович му истекува вториот претседателски мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top