Почна гласањето на референдумот во Крим. На него жителите на автономниот украински регион ќе го искажат своето мислење дали тој треба да остане во составот на Украина или да се приклучи кон Русија.
1.024 избирачки места се отворија врати точно во 08.00 часот по локално време. Има 27 регионални изборни комисии. Гласањето се очекува да трае 12 часа.
За подготвеност за учество во референдумот се изјасниле околу 80 отсто од полнолетните граѓани со право на глас, тврдат локалните власти. Учесниците треба да одговорат со „Да” или „Не” на еден од прашањата :
1) Дали сте за припојување на Крим со Русија на правата на субјект од Руската Федерација ?
2 ) Дали сте за обновување дејството на Уставот на Република Крим од 1992 година и за статус на Крим како дел од Украина ?
Правото за набљудување на референдумот го добил и Републичкиот институт за социолошки и политички истражувања . На полуостровот веќе има странски набљудувачи од над 20 земји.
Големите прашања поврзани со гласањето се две – мирно ли ќе тече гласањето и ќе излезат ли на гласање Татарите? Властите во Крим уверуваат дека направиле се што е во нивна моќ за да не дозволат провокатори и екстремисти од Евромајдан да навлезат на полуостровот. Неофицијални информации сепак наведуваат дека во автономната република веќе се инфилтрирани такви групи и можно е да предизвикаат ексцеси, напади во места населени со Татари, за да предизвикаат етнички конфликти и остар меѓународен одек.
Игор Тенјух , украинскиот в.д. министер за одбрана, им забрани на војниците од украинските делови во Крим да учествуваат во референдумот.
Тој изјави категорично дека украинските трупи ќе останат во Крим, без оглед на исходот на референдумот. – Никој нема да се повлекува, оваа земја е наша – рече тој.
Лидерите на Кримските Татари, кои се против референдумот, објавија дека тие нема да гласаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



