| четврток, 6 декември 2018 |

И Атлетико по рецептот на Реал Мадрид, минимално, но сигурно до победа (видео)

И Атлетико Мадрид одигра според рецептот на конкурентот за титулата Реал и победи минимално со 1-0 за да го задржи чекорот во битката за титулата во Шпанија.

Диего Коста погоди во 55 минута против Еспањол, а Атлетико по новиот триумф го задржа второто место со 67 бода, 3 помалку од градскиот ривал и лидер Реал Мадрид.

Утре и Барселона има шанса да остане во трката за трофејот во Примера Дивизија, а за да се задржи чекорот со водечкиот тандем Каталонците ќе мора да ја победат Осасуна на домашен терен. Барселона има 63 бода од 27 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top