| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа Милевска: Се превземаат стимулативни мерки за развој и унапредување на културата

kanceska milevska

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ истакна дека од страна на владата се превземаат голем број стимулативни мерки  во областа на културата,  во музичко сценската дејност, во ликовната, во издавачката, во заштитата на културното наследство.

– Со донесувањето на законот за продукција на македонска музика мислам дека ќе се продуцира македонската музика, ќе се создаваат дела. Во однос на класичната музика која е поспецифична ние секоја година издвојуваме посебен фонт на средства, се објавува конкурс каде ќе се финансираат дела од сериозната музика и истите дела ќе се изведуваат од страна на нашите национални институции – рече Канческа Милевска.

 Таа посочи дека во делот на ликовната дејност секоја година ќе се откупуваат дела на наши ликовни уметници кои своето место ќе го најдат во институциите, како што е Музејот на современа уметност, националната галерија … за оваа година конкурсот е веќе завршен и се пријавени над 240 дела, а секој автор можеше да конкурира со најмногу 3 дела. Во делот на издавачката дејност министерството секоја година ќе објавува конкурс за странски издавачи кои ќе преведуваат македонски дела на странски јазик.
– Конкурсот ќе биде отворен цела година, но ќе се одлучува во 4 квартали. На мое големо задоволство се пристигнати голем број странски издавачи кои се јавија на конкурсот и набрзо ќе информираме кои дела ќе бидат преведени на друг странски јазик – истакна мнистерката за култура.
Таа смета дека дека овие стимулативни мерки ќе дадат еден позитивен развој и унапредување и на културата и на уметноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top