Роџер Федерер ќе игра во ново финале на Индијан Велс и ќе има можност да ја освои рекордната петта титула на турнирот од Мастерс серијата 1000. Вечерва Швајцарецот со 6-3, 6-1 го скроти разиграниот Олександр Долгополов од Украина, кој претходно елиминира неколку фаворити, меѓу кои и Рафаел Надал.
Федерер е рекордер на турнирот во калифорниската пустина со 4 трофеи, а противник во финалниот меч ќе му биде подобриот од второто полуфинале што е во тек, а меѓусебе играат Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


