Во врска со критиките од опозицијата тој вели дека во демократија мора да има и критики.
„Мое е да работам и да гледам дали се е законски и во рамки на етичките норми и да одговорам на тие критики за да луѓето не бидат во заблуди дека нешто од тоа е точно. Сега се избори и нормално е опозицијата да зачести со напади при што голем дел од критиките не се точни“ вели Груевски .
За случајот на вадење пари од грчката фирма Актор која работи на коридорот 10 на Груевски не му е јасно како опозицијата сака да го поврзе овој случај со него и вели дека од крајот на минатата година имало истрага за да се види дали е се во ред со исплатите во кеш од грчката фирма. Тој не сакаше пред завршување на истрагата да каже дали имало некакви нерегуларности.
За Груевски е интересно зошто СДСМ се одлучи јавноста но и оној што можеби прави нелегални работи да дознае дека се води истрага за овој случај.
„Однесувањето на СДСМ е нелогично а такво однесување нема во други земји“ смета премиерот, кој најави дека тој и неговата влада се тука да видат дали се направени грешки и тие да се одстранат.
На крајот граѓаните на избори ќе кажат кој колку греши, изјави Груевски во дневникот на Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


