| четврток, 6 декември 2018 |

Мајнц експрес за 8 минути победнички мина низ Хофенхајм

Николче Новески и неговите соиграчи од Мајнц продолжија да го сонуваат европскиот сон, па дури и настап во Лигата на шампионите по денешната победа против Хофенхајм со 4-2 на гостински терен.

Со 3 гола за само 8 минути, Чупо Мотинг, Салер и Оказаки направија експресен пресврт и ја анулираа предноста на Хофенхајм од два гола разлика.

Полански и Фирмињо со по еден погодок на стартот од вториот дел му донесоа комотна предност на домашниот тим од 2-0, но на крајот Новески и соиграчите од Мајнц се радуваа.

Чупо Мотинг во 67 минута намали на 1-2, Салер 6 минути подоцна со гол израмни на 2-2, а целосен пресврт само 120 секунди подоцна донесе Оказаки. Истиот играч во последните моменти од средбата со втор погодок само ја потврди победата на гостите. Мајнц има 41 бод на петтата позиција која гарантира настап во УЕФА Европа Лигата, а заостанува само за 3 чекори зад Баер Леверкузен, екипа што е на четвртото место, последно што носи пласман во Лигата на шампионите.

Денешната програма донесе неколку неочекувани резултати, а домашните екипи не успеаја да победат на ниту еден меч од петте што се играа од 15,30 часот.

Во дербито на двете Борусии, гостите од Менхенгладбах изненадија и славеа во Дортмунд со 2-1. Хановер ја прегази Херта во Берлин со 3-1, а без победник со резултат 1-1 завршија натпреварите меѓу Вердер и Штутгарт, одоносно Ајнтрахт Брауншвајг со Волфсбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top