Судот во Бреша го осуди на доживотен затвор 33-годишниот Даниеле Саравини за организирање и потикнување на убиството на двајцата тетовци Христо Узунов и Екрем Салија. Убиството е извршено во јуни 2011-та, а досега уште еден поранешен италијански полицаец е осуден на доживотна робија поради директното учество во убиството.
Салија и Узунов во јуни 2011-та тргнале во Италија со цел да си ги повратат 400-те илјади евра кои претходно му ги дале на Саравини за да им помогне да добијат кредит од 26 милиони евра и со тие пари да изградат трговски центар во Скопје.
Откако откриле дека полицаецот Саравини е обичен измамник со фирма под стечај и дека од кредитот нема ништо се договориле да стигнат во Бреша и да си ги земат парите назад. По нив дошол колега-полицаец на Саравини, извесен Черубини кој со автомобил ги пренел во шумската област Магдалена во близина на Бреша.
Таму ги чекал третиот учесник во двојното убиство, директниот извршител Волоњи кој наместо да ги заплаши ги убил двајцата нашинци. Бидејќи подолго време ги немало во хотелот, а Узунов и Салија не се јавувале дома во Македонија- нивното исчезнување е пријавено во полиција.
Цели 16 месеци подоцна се најдени телата на убиените во шумата Магдалена. Италијанските карабињери во истрагата многу бргу ја откриле мрежата. Прв е уапсен и во декември лани осуден на доживотен затвор Лука Черубини. Тој ги зел жртвите од хотелот и ги однел до местото на убиството.
Извршителот на убиствата Волоњи е во бегство, но е уапсен во Тунис и чека екстрадиција во Италија.
Како организатор на убиството бил посочен должникот Даниеле Саравини, лош бизнисмен и измамник кој претходно бил и полицаец. По судењето денеска е соопштена одлуката дека и Саравини е осуден на доживотен затвор за убиството на двајцата Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа