| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот Андоноски му ги предаде акредитивните писма на Бан Ки-мун

obedineti-nacii-600x360

Ноовоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Македонија при ООН, Василе Андоноски, во Њујорк му ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар Бан Ки-мун.

На официјалната средба амбасадорот Андоноски истакна дека Република Македонија има позитивен и проактивен однос кон ООН, што може да се види и од нашиот досегашен придонес во работата и активностите на организацијата. Притоа, како мирољубива и активно ангажирана членка на ОН, Република Македонија постојано е подготвена да дава свој придонес во насока на зацврстувањето на меѓународниот мир и безбедност, почитувањето на меѓународното право,  како и за развој на меѓународната соработка во сите области.

Генералниот секретар Бан Ки-мун, искажа задоволство од досегашниот ангажман и активностите на Република Македонија во рамки на ООН, што се потврдува и со неодамнешниот избор на земјата за член на Советот за човекови права. Тој, како што се наведува во соопштението од македонската амбасада во ООН, истакна дека одржува редовни средби со највисоките официјални македонски претставници, на кои се разгледуваат и се дискутира за сите поважни меѓународни прашања. Притоа, генералниот секретар Бан Ки-мун подвлече дека ООН преземаат повеќе активности за справување со новите глобални предизвици, а во таа насока еден од поважните настани што треба да се одржат годинава е Самитот за климатски промени, закажан за септември 2014 година во Њујорк. Тој упати покана до претседателот Ѓорге Иванов за учество на самитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top