Украина прекина со одобрување влез на руски граѓани преку молдавско-украинската граница со територијата на Приднестровската молдавска република. Тоа го соопштија претставници од рускиот мировен контингент од Силите за поддршка на мирот од ЗНД.
– Преку границата не е овозможено поминување на мажи со руски пасоши – наведе офицер од рускиот мировен контингент.
Од контингентот наведуваат дека украинските погранични власти ги запираат товарите што се носат со возови кон руските миротворци, а во кои има храна, материјали и гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



