| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Браун повторно во затвор

Поранешното момче на Ријана, пејачот Крис Браун повторно се најде во затвор, поради прекршување на судска одлука.

Имено, откако беше уапсен по претепувањето на Ријана, Судот реши наместо да остане во затвор, Браун да мине 90 дена во Центар за рехабилитација за да се обиде да ги надмине проблемите со изливи на бес.

Браун мина 90 дена во Центарот, но потоа судијата во процесот реши дека тој треба и натаму до остане на рехабилитација се додека Судот не донесе поинаква одлука.

Но, Браун беше исфрлен од Центарот, поради непочитување на беговите правила и веднаш по напуштањето на комплексот беше уапсен од страна на полицијата и префрлен во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top