| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Белград: 12- годишно дете почина во училишен двор

Дванаесет годишно момче почина вчера за време на големиот одмор на игралиштето на основното училиште “Кирил и Методиј“ во Белград, откако околу 16 часот паднало во несвест.

Брзата поош цел час се обидувала да го врати во живот, но за жал не успеала. Дежурниот лекар за српските медиуми изјавил дека момчето веднаш е примено на одделот за интензивна нега, каде е констатирано дека нема знаци на живот, а причините за прерано загаснатиот детски живот ќе ги утврди обдукцијата.

– Неговиот најдобар другар ни рече дека уште во 14 часот, кога дошол на училиште, се пожалил дека не му е добро. Имал главоболка и мачнина. На големиот одмор со другарите излегол да игра кошарка. Во еден момент припаднал, но другарот го задржал и му помогнал да седне на шахтата, каде и се онесвестил – објаснуваат неговите школски другари кои синоќа се сообраа околу шахтата на која запалија и свеќи. Во фолијата покрај свеќите останал и сендивичот, кој тој не стигнал да го изеде.

Пред куќата во која детето живеело со родителите, помладата сестра и бабата синоќа се собрале поголем број соседи и роднини, а таткото на детето е на привремена работа во Италија.

-Сите не изненади трагедијата. Беше весело дете, секогаш во движење и подготвен за игра. И сега ја гледам неговата насмевка и како ме поздравува на улица, Неговата мајка и баба се во шок. Слушнав дека кога дошле да им кажат што се случило, само бабата била дома, а мајката го водела девојчето на пливање. Сестрата се уште не знае што е со братот, раскажува соседот, и додава дека треба да пристигне таткото на детето од Италија и на него му е кажано дека синот е во кома.

Српскиот министер за образование Томислав Јовановиќ вчера попладне изрази сочувство на родителите, наставниците и директорот на учичиштето за трагичната смрт на 12 годишниот ученик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top