| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ победи во сингл, Федерер загуби во игра на двојки

Лесно, без многу проблеми Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот од мастерс серијата 1000 во Индијан Велс. Со 6-1, 6-3 српскиот тенисер го елиминира Жилиен Бенето од Франција и го чека победникот од дуелот меѓу Џон Иснер и Ернестс Гулбис што е во тек.

Во игра на двојки денеска пораз претрпе лутиот ривал на Ѓоковиќ, Роџер Федерер. Во тандем со Станислас Вавринка Швајцарците загубија од дуото Пеја Соареш со 4-6-1-6.

Утре Федерер ќе игра во полуфиналето во поединечна конкуренција против Олександр Долгополов од Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top