Раководството на Заврч со сомнително објаснување го смени Виктор Треневски од позицијата тренер на тимот, а дека грешат им презентираше составот на Горица. Со 3-1 тие го победија Заврч во директна битка за излез во Европа и тоа на гости, во првиот меч откако беше сменет Треневски.
„Решивме да го раскинеме договорот со тренерот бидејќи веќе в петок нѐ очекува тежок дуел со Горица – изјави директорот на Заврч, Марјан Прелог, пред дуелот со Горица.
Зошто беше сменет Треневски, кој го доведе тимот до прагот на еврокуповите, не им беше јасно ниту на преставниците на словенечките медиуми.
Заврч е село во Словенија со само 80 регистрирани жители, а со македонскиот тренер како кормилар, постигна неочекувано добри резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


