| четврток, 6 декември 2018 |

Савичевиќ: Рано е за дуел со Србија, а за Косово…

KVALIFIKACIJE ZA SVETSKO PRVENSTVO U FUDBALUСпоред претседателот на црногорскиот Фудбалски сојуз Дејан Савичевиќ се уште е рано за дуел со репрезентацијата на Србија. Тоа го споредува со „развод“.

-Уште е рано за таков меч, затоа што има голем број на политички препреки. Потребно е да помине некое време, да се оладат главите, затоа што голем број на Срби мислат дека ние Црногорците ги издадовме со тоа што баравме независност. Тоа вие иско како после развод и затоа е подобро да не играме со Србите додека не се стишат тенизиите- вели Савичевиќ.

Савичевиќ потоа во интервју одговара зошто се залагале за самостојност со Црна Гора и одвојување од Србија.

-Сакав самостојност на Црна Гора од многу причини. Знаев дека не можеме заедно да опстанеме. Србија е територијално поголема и секогаш по мислење мораше да се оди во Белград- вели Савичевиќ.

На прашањето пак дали би можело да се игра со Косово, бидејќи Подгорица ја признава независноста на Косово, тој побара помош од новинарот.

-Ајде посоветувај ме ти- вели Савичевиќ.

Откако новинарот предложи Савичевиќ сам да одговори, следи реплика:

-Почна да ме за*баваш. Немам намера повеќе да зборувам со тебе. Пријатно пријателе!- го завршува интервјуто Савичевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top