| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен не го признава „таканаречениот“ референдум

rasmusenНАТО нема да ги признае резултатите од референдумот на Крим, најави првиот човек на Алијансата.
– Таканаречениот референдум во Автономната Република Крим кој ќе се одржи во недела претставува директно кршење на украинскиот Устав и меѓународното право- смета Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Тој бил ставот на претставниците на повеќето членки во Партнерството за мир, чии амбасадори денеска се собраа на вонреден состанок што е одржан во седиштето на НАТО во Брисел.  Партнерството за мир сочинува 28 земји членки на НАТО и 22 партнерски земји кои ја вклучуваат и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top