| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат истражните дејствија за Актор

vmro-dpmne1_1ВМРО-ДПМНЕ ги негира тврдењата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека се запрени истражните дејствија во врска со работењето на фирмата Актор.

– Никој ништо нема запрено, а тие дејствија се преземени многу пред СДСМ и Шилегов да се обидат да го злоупотребат овој случај и да му фрлат друга насока со сомнителна цел. Институциите работат за да утврдат дали има или нема нешто што е преземено од фирмата, а е противзаконски- наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека се преземени сите активности кои се потребни без притоа да се загрозуваат постапките. Според ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што СДСМ изнесува информации во јавноста, кој институциите ги имаат, постои сомнеж дека може да се наштети на целата постапка.

– СДСМ очигледно одработува за нечија друга цел. Причините за однесувањето на СДСМ ќе ги покаже времето, но сите граѓани можат да ги претпостават. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно сигурна дека сите постапки кои зависеле од државните институции се законски и според меѓународни стандарди. Впрочем тоа го потврдуваат и многубројните евалуации, извештаи и редовни месечни средби со Европската комисија, Европската инвестициона банка и ЕБРД. Дали фирмата која е ангажирана за реализација на проектот прекршила одредени закони или не, ќе покажат институциите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top