Само еден член на Државната изборна комисија беше против утврдувањето на листата на кандидатите за избор на претседател на Република Македонија. Имено, потпретседателот на ДИК, Субхи Јакуп Јакупи гласаше против утврдувањето на кандидатурите на тројцата Македонци кандидати (Иванов, Пендаровски и Поповски), а беше воздржан кога се гласаше за кандидатурата на Илијаз Халими од ДПА.
Според него, спорно било тоа што кандидатите за претседател во предложените листи ги користеле симболите и амблемите на политичките партии, што било спротивно Изборниот законик и Уставот на Република Македонија, освен на кандидатот Илијаз Халими. Тој побара ДИК да даде рок од 48 часа на кандидатитеда да ги променат амблемите, па потоа да бидат утврдени листите. Тоа не беше прфатено од страна на другите членови на ДИК, кои посочија дека во чл.64 од Изборниот законик нема забранувачка ставка, која кажува дека кандидатите не можат да ги користат симболите на партијата.
ДИК денеска ги потврди кандидатурите на сите четворица кандидати. Со по шест гласови „за“ и еден „против“ беа прифатени листите на кандидатите Ѓорге Иванов, поддржана со преку 63.000 потписи од граѓани, како и со потписи од пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, на Стево Пендаровски, како кандидат на СДСМ, и кандидатурата на Зоран Поповски од ГРОМ со поддршка од 10 илјади потписи. Со шест гласови гласови „за“ и еден „воздржан“ беше прифатена кандидатурата на Илијаз Халими, кандидат на ДПА, со поддршка од 10.000 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот