| четврток, 6 декември 2018 |

Савичевиќ пак во елемент: Почна да ме з……ш, немам намера да одговарам на глупави прашања

Дејан Савичевиќ повторно беше во елемент, без влакна на јазикот, а сега влета во караница со новинар. На прашањето дали Црна Гора ќе прифати да игра пријателски меч со Косово, актуелнито претседател на фудбалската федерација на Црна Гора одговори:

– Ајде ти посоветувај ме што треба да правам – избувнал Савичевиќ, а потоа и не го завршил разговорот, по одговорот на новинарот дека не би требало да прифати таков меч.

– Почна да ме з….ш. Немам намера веќе да разговарам со тебе. Збогум мајсторе – возвратил бесниот Савичевиќ. Тој имаше легендарен настап пред ТВ-камерите, пред историскиот дуел меѓу СР Југославија и Хрватска во 1999 година на „Максимир“, кога во живо со пцости возврати на провокацијата на хрватски навивач.

Потсетете се на легендарното видео со Савичевиќ пред неполни 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top