| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски: Отворените податоци голем бенефит за младите преприемачи

ivo
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска пред студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) одржа предавање за бенефитите од искористувањето на отворените податоци.
Тој ги повика студентите да ја искористат можноста што им се нуди со отворените податоци и да креираат нови апликации од кои ќе имаат бенефит, а додадена вредност ќе имаат и економијата и државата.
– Најголем успех од искористувањето на отворените податоци ќе имаме од студентите, односно младите претприемачи. Докажано е дека креативноста на младите нема граници. Сите оние кои се заинтересирани да креираат апликации, ќе можат бесплатно да ги користат отворените податоци – рече Ивановски.
Информираше дека е донесен Закон за отворени податоци со кој институциите кои располагаат со податоци во дигитална форма се обврзани во определен рок да ги објавуваат бесплатно, а доколку не го сторат тоа, ќе бидат казнети.
– Ова го направивме за да му излеземе во пресрет на приватниот сектор и на граѓаните и со примената на законот се очекува зголемено креирање апликации и отворање нови работни места – рече Ивановски.
– Доколку некој од вас има идеја да креира апликација, а податоците не се отворени, обратете се до Министерството за информатичко општество и администрација и ќе направиме сѐ што можеме, тие да станат достапни – им порача Ивановски на студентите.
Во Македонија како резултат на искористувањето на отворените податоци веќе се креирани апликации за Центарот за управување со кризи, за цената на лекови, за криминалот и за наоѓање работа, вработување и волонтирање.
Отвореното владино партнерство го започнаа Велика Британија и САД со цел да се воведе поголема транспарентост во општеството. Македонија го потпиша договорот за отворено владино партнество како 32 земја со што започна автоматизирањето на податоците на поголем број институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top