Црн петок за македонскиот фудбал, по веста за смртта на поранешниот репрезентативец Петар Милошевски, во големата трагедија на патот Крива Паланка – Куманово.
Шок, тага, скршени срца, сите тагуваме по големиот човек Перо, а реакции со сочуство до семејството на 40-годишниот битолчанец ги преплавија социјалните мрежи.
„Сѐ уште не можам да верувам. Во голем шок сум по веста за трагедијата. Ова не може да му се случи на човек каков што е Петар. Неговата смрт претставува голема загуба за неговото семејство, за неговите деца, потоа и за македонскиот фудбал. Почивај во мир легендо“, е реакцијата на Горан Пандев по трагичниот настан.
Во изјава за „Телеграф.мк“, Гоце Седлоски, некогашниот соиграч на Милошевски во националната репрезентација, вели „Мојата душа е тажна“, а со постови на „Фејсбук“ од директорот на македонската репрезентација и поранешен голман на Пелистер, Вардар, Трабзонспор, Малатија, Себатспор и на Енозис се простија Панче Ќумбев, Јорде Герогиевски, Јован Костовски, редица други фудбалери, сегашни и поранешни, спортски работници, клубови, новинари, обични луѓе.
Сите го паметат Перо како вистински џентлмен, еден од најмирните играчи, човек со големо срце, вистински професионалец што оставил впачетлива трага во македонскиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.