Швајцаерецот Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс откако со 2:0 во сетови го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Негов противник во полуфиналето ќе биде Украинецот Олександр Долгополов, кој со 6:3 и 6:4 во гемови беше поуспешен од Милош Раониќ од Канада.
Во вторите два четвртфинални меча денеска ќе играат: Жилијен Бенето – Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер – Ернестс Гулбис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.