Имено, експертите признаа дека претходната верзија на сликата, откриена минатата година во Женева, е исто така дело на Леонардо да Винчи.
Мона Лиза, е покажана како многу помлада жена, а славниот сликар ја насликал неколку години порано од многу попознатата верзија.
Долго време се веруваше дека Мона Лиза од Лувр е само насликана од италијанскиот мајстор. Сепак, неодамнешните истражувања покажаа дека и вториот портрет е дело на Да Винчи.
Експертите беа скептични во врска со автентичноста на сликата, која беше откриена во Женева минатата година, но сега е веќе утврдена автентичноста.
Врз основа на анализата на јаглен од платното, беше откриено дека сликата е создадена помеѓу 1410 и 1455 година, а не 16 век, како што се веруваше претходно.
Меѓународна група експерти собрана во Фондацијата Мона Лиза, која тврди дека нема финансиски интерес во оваа постапка, ја потврди автентичноста на сликата.
Најпознатото ликовно дело настана кога фирентинскиот благородник Франческо дел Ѓакондо од Леонардо нарача да ја портретира неговата сопруга Лиза.
Се смета дека Леонардо на благородникот му ја испорачал недовршената верзија пред да замине од Италија во Франција во 1506 година. Верзијата што ја знаеме од Лувр, маестро ја насликал во 1516 година, во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.