Со презентација на тема „Остварените резултати во заштитата на правата на потрошувачите – кодекси на добра практика“, Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија ќе го одбележи Светскиот ден на правата на потрошувачите.
На презентацијата е најавено учество на претставници од Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, агенциите за храна, за ветеринарство и за електронски комуникации, Организацијата на потрошувачите на Македонија, како и претставници од здруженијата и групациите при Стопанската комора на Македонија кои потпишале кодекси на добра практика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.