| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ќе ja утврдува листата на кандидатите за претседател

Претседателски кандидати 2014

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на отворена седница треба да ја утврди листата на кандидатите за избор на претседател на Република Македонија.

Рокот за поднесување кандидатури за претстојните претседателски избори истече на полноќ. Поднесени се кандидатури за Ѓорге Иванов, поддржана со преку 63 илјади потписи од граѓани, како и со потписи од пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, за Стево Пендаровски, како кандидат на СДСМ, за Зоран Поповски од ГРОМ со поддршка од 10 илјади потписи и за Илијаз Халими, кандидат на ДПА, исто така, со поддршка од 10 илјади граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top