Во првите дуели од осминафиналето од Лига Европа Јуветнус не успеа да ја совлада екипата на Фиорентинаи одигра само 1-1.
„Старата дама“ рано поведе со голот на Артуро Видал уште во третата минута. Инцијативата во текот на целиот меч беше на страната на Јувентус, но до крајот на натпреварот не успеа да постигне уште еден гол. Казната стигна преку ветеранот Марио Гомез кој потсети на своите најдобри денови од Баерн Минхен. Тој прими долга топка и ја смести во мрежата на Буфон.
Бенфика со три гола во мрежата на Тотенхем триумфално помина низ Лондон. Кризата кај лондочани продолжува и на уште еден натпревар во низа не успеваат да дојдат до победа. Шансите за пласман се сведени на минимум затоа што денеска загубија со 3-1. Единствениот гол за Тотенхем го постгина Ериксен од слободен удар, а стрелци за Бенхика беа Луизао (два) и Родриго.
Лион со 4-1 го победи Плзен и направи голем чекор кон четвртфиналето. Гостите го отворија резултатот со голот на Хорава уште во третата минута. Сепак французите брзо се созедоа од почетниот шок и во продолжението од натпреварот го торпедираа гостинот. Форфана го израмни резултатот во 12 минута, а во вториот дел стрелци за Лион беа и Лаказет, Мвуемба и Форфана.
Резултати:
Базел – Салзбург 0-0, Лудогорец – Валенсија 0-3, Севиља – Бетис 0-2, Порто – Наполи 1-0, АЗ Алкмар – Анжи 1-0, Јувентус – Фиорентина 1-1, Лион – Плзен 4-1, Тотенхем – Бенфика 1-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.