Како што пренесуваат англиските медиуми, легендата на Манчестер јунајтед вчера бил уапсен во престолнината на Велика Британија.
По информација за физички напад, како што соопштија од лондонската полиција, вчера во престолнината на Велика Британија бил уапсен средовечен маж, а англиските медиуми потоа открија дека тоа, всушност, е 47-годишниот Ерик Кантона.
Французинот е легенда на Манчестер јунајтед, а во исто време и некој што остана запеметен по својот незгоден и бурен карактер, кој често знаеше да го доведе во неволја.
Тој во периодот од 1992 до 1997 година го носеше дресот на гигантот од „Олд трафорд“, а на натпреварот кој во 1995 година Јунајтед го одигра против Кристал Палас, тој нападна еден противнички навивач во првиот ред. Со тоа фрли голема дамка на својата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.