По расчистување на локацијата, нејзиното порамнување, следеше поставување на слој од крупен песок.
Следната активност е бетонирање на платформата врз која ќе биде поставена барака од 100 м/2, клупи и мал парк.
Пензионерите од оваа месна заедница побараа простор за нивна рекреација при последната посета на градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов, на клубот кој беше привремено сместен во една од ближните згради.
Сегашната локација на клубот на пензионери е на крстосницата кон индустриската зона, веднаш до големиот парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.