| четврток, 6 декември 2018 |

Русија одговори на НАТО: испрати 6 борбени авиони во Белорусија и почна воени вежби на украинската граница

ruski avioniНапнатоста на Крим не попушта. Откако НАТО испрати извиднички авиони од типот АВАКС над Романија и Полска, Русија одговори со испраќање на шест борбени авиони на небото над Белорусија. Во исто време Русите започнаа нови воени вежби во кои учествуваат 8.000 војници на самата граница со Украина.

Москва денеска потврди дека во Белорусија испратила шест борбени и три транспортни авиони како одговор на засилените извидувачки акции на НАТО.

– Руските пилоти ќе извршуваат заеднички задачи со белоруските колеги поради воздушни извидувања, заштита и одбрана на воздушниот простор над Русија и Белорусија, истакнуваат од руското министерство за одбрана.Оттаму исто така потврди дека во воените вежби кои се одвиваат на границата со Украина учествуваат и тешка артилерија, ракетофрлачи и противтенковско оружје.

tenk ruski

Воената активност на Русија е особено значајно во овој период затоа што во недела треба да се одржи референдумот за отцепување на Крим.

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска истакнал дека на Крим се одвива „внатрешна криза која не се распламтила поради Русија, но и дека на ваков или онаков начин се вплеткани во неа“.

ruska vojska

САД и ЕУ се подготвени во понеделник да донесат „многу сериозни“ мерки против Москва како одговор на референдумот.

– Одоговор ќе стигне во понеделник ако нема никаков знак на поместување во решавањето на тоа прашање. Ќе се донесат многу сериозни мерки во Европа и овде, рекол американскиот државен секретар Џон Кери.

)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top