| четврток, 6 декември 2018 |

Ден за страдање на фудбалските легенди, по Ули Хенес и Ерик Кантона зад решетки

Ден за страдање на фудбалските легенди, а на Ули Хенес, кој доби затворска казна од три и пол години за затајување данок, попладнево е упасен и Ерик Кантона. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и на француската репрезентација нападнал човек во Лондон и се најде зад решетки.

Сепак, тој сигурно ќе мине многу полесно и со поблага казна од Хенес, а за Кантона ова не е прв инцидент. Напротив ги имаше многу, секако најпознат е кунгфу-ударот со кој нокаутира навивач на Кристал Палас на „Селхарст парк“ како играч на Манчестер јунајтед.

Тогаш Кантона заработи 14-дневна казна затвор, но потоа беше преиначена во 120 часа општественокорисна работа. Еве потсетување на инцидентот од 1995 година и легендарниот кунгфу-удар на Кантона.

)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top