Откако „Нетпрес“ вчера објави документ во кој се гледа дека портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во улога на претседател на второстепената комисија за јавни набавки на владата на СДСМ, ја фаворизирал фирмата СЕМОС во кој значителен удел во сопствеништвото има токму сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна Црвенковска денеска порталот објавува два нови документи, од кои се гледа дека Шилегов повторно одлучувал директно во полза на СЕМОС. Овој пат одлуките на Шилегов значеле доделување на набаквите на фирмата СЕМОС каде еден од сопствениците е и сопругата на Бранко Црвенковски.
Според Нетпрес, со решение на кое стои печат и потпис на Шилегов, се одбива жалбата на фирмата Некстсенс ДОО Скопје, која се однесува на распишаниот тендер за програмско усовршување на вработените на ЈП „Водовод и Канализација“ и набавката директно припаѓа на фирмата СЕМОС Компјутери.
– Уште една одлука на Шилегов со која директно се доделува бизнис на фирмата каде дел од сопственичката структура има сопругата на Црвенковски е решението потпишано од Шилегов во 2004-та година, со кое ја одбива жалбата на фирмата Неоком, која пак се жалела на тендерската процедура за набавка на информатички услуги и опрема за Министерството за финансии и Бирото за стокови резерви, набавка која повторно завршува во рацете на СЕМОС Компјутери. И ова не е се. Потписот на Петре Шилегов стои на уште едно решение со кое се отфрла жалбата на фирмата КЛанком Компјутери во однос на тендерот за набавка на компјутеркса опрема на Министерството за труд и социјална политика, а добиник на тендерот е повторно СЕМОС Скопје. Она што е забележително, кога и да одлучувал Шилегов за жалби по јавни набавки, секогаш победник на тендерските постапки е фирмата СЕМОС. Сите други биле исклучувани или нивните жалби отфрлани. Со ваквите одлуки Шилегов овозможил бизнис на фирмата СЕМОС, чиј износ и договори само ним им се познати. Она што е сигурно дека износот на таквите тендери не бил воопшто мал имајќи во предвид дека услугите на СЕМОС компјутери чинат позамашни суми на пари. Наспроти апслотуниот молк на Шилегов на оваа тема, треба да се одговори на дилемата колку бизниси и пари отишле на контото на фирмата на сопругата на Бранко Црвенковски, дали тендерските постапки се законски и дали и колку фирми се оштени. Но, најважно од се’ е дали Шилегов свесно одработувал за интересите на Црвенковски и СДСМ и дали освен СЕМОС постојат и други фирми кои се блиски до раководството на СДСМ, а на кои Шилегов им овозможил тендери и бизниси? – пишува Нетпрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“




