| четврток, 6 декември 2018 |

ЛЕ: Фјорентина по одмазда во Торино, Наполи со тешка задача

Вечерва на програмата се осминафиналните натпревари од најмасовното клупско натпреварување, Лига на Европа.

Еден од најнеизвесните натпревари се очекува да биде дуелот меѓу големите ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Фјорентина. Конте најави дека донел одлука Карлос Тевез воопшто да не биде повикан за денешната пресметка во Торино.

Честа на англилскиот фудбал ќе ја брани Тотенхем, кој ја пречекува Бенфика, која минатата година беше поразена во финалето од Челси со голот на Бранислав Ивановиќ во последната минута од натпреварот.

Тешка задача ќе имаат и фудбалерите на Наполи кои ќе се обидат да забележат позитивен резултат во првиот дуел против домашниот тим на Порто. Според последните информации, Горан Пандев, најверојатно, и овој натпревар ќе го почне од клупата за резервни фудбалери.

Денеска на програмата се: Базел – Салцбург, Порто – Наполи, Лудогорец – Валенсија, АЗ Алкмар – Анжи, Лион – Виторија П., Јувентус – Фјорентина, Севилја – Бетис, Тотенхем – Бенфика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top