Русија ризикува да претрпи огромна политичка и економска штета доколку одбие да го смени ставот кон Украина, предупреди денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– Ако Русија продолжи со политиката од последните недели, тогаш ќе се случи катастрофа не само за Украина и за ЕУ, туку и за Москва – истакна Меркел во Бундестагот.
Тоа, како што јави ДПА, е нејзина најкатегорична изјава досега во врска со однесувањето на Русија во украинската криза.
– Наместо да дејствува како партнер во украинската криза, Русија се обидува да ги искористи слабостите на својот сосед. Територијалниот интегритет на Украина не може да се доведе во прашање – нагласи Меркел, појаснувајќи дека ситуацијата на Крим не може да се споредува со Косово.
Таа, исто така, додаде дека кризата во Украина не може да се решава по воен пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.