Демонстрант им подлегна на повредите, а полицаец почина од срцев удар за време на вчерашните антивладини протести во Истанбул.
– Две групи ја нападнаа полицијата и едно момче беше повредено во главата, по што им подлегна на повредите – соопштија локалните власти.
Во округот Тунџели, каде што, исто така, се одржуваа протести, еден полицаец починал од срцев удар.
Во неколку турски градови вчера избија судири по погребот на 15-годишниот Беркин Елван.
Момчето почина во болница во Истанбул, откако девет месеци беше во кома по повредата здобиена од солзавец за време на ланските протести.
Истанбулската полиција вчера употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми, со цел да спречи десетици илјади демонстранти да стигнат до плоштадот „Таксим“.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.