| четврток, 6 декември 2018 |

Во Бразил, „Епл“ нема право да користи „ајфон“

Бразилска регулаторна агенција одлучи дека компанијата Apple нема ексклузивно право да го користи името iPhone за својот телефон во оваа земја. Ваква одлука е донесена бидејќи локалната компанија „Градијенте електроника“ го заштитила правото на користење на ова име во 2000 година, седум години пред тоа да го направи американскиот гигант.

Портпарол на Apple одби да коментира, но извор од бразилскиот Институт за индустрискa сопственост истакна дека американската компанија поднела жалба. Институтот наведува дека неговата одлука се однесува само на мобилните телефони и дека Apple има ексклузивно право на логото iPhone на облеката, софтверот и останатите свои производи.

Apple може да продолжи со продажба на телефоните iPhone во Бразил, својот најголем латиноамерикански пазар, но компанијата „Градијенте електроника“ има право да поднесе тужба. Apple смета дека има ексклузивно право да го користи името iPhone, бидејќи фирмата „Градијенте“ до декември 2012 година во својата понуда немала ниту еден производ со ова име.

Бразилската компанија сега во својот каталог го има мобилниот телефон Iphone Neo 1, кој чини 304 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top