| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на жртвите во Њујорк

њујорк1

Шест лица загинаа, а неколкумина се водат за исчезнати по ексползијата на гас од која се урнаа две згради во Њујорк, јави „Би-Би-Си“.

њујорк

Портпаролот на Противпожарната служба, Мајкл Парела, изјави дека спасувачките операции продолжуваат. Тој истакна дека девет личности се водат како исчезнати.

Вкупно 22 лица се повредени, а од болницата соопштија дека по несреќата се примени 64 лица. Железничкиот сообраќај, по несреќата, повторно е воспоставен.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека од силната ексползија се уништени две згради, а има и други оштетување. Пожарот, кој се случил веднаш по ексползијата, е изгасен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top