| четврток, 6 декември 2018 |

„Да“ и среде Охридско Езеро

wedding-rings-on-finger-z6huxxs1Повеќе од илјада брачни двојки во Македонија лани склучиле брак надвор од салите за венчавки. Најчесто тоа го правеле во ресторанот каде што се одвива свадбената веселба, вели во интервјуто за МИА директорот на Управата за водење на матични книги  Ашим Зеќироски.

Меѓу местата што се најинтересни, а идните брачни двојки го кажале своето „да“, се Порта Македонија, Плоштадот во Скопје, Градски парк, скопското Кале, на брод среде  Охридско Езеро, на Милениумскиот крст на Водно, во Ботаничката градина во Скопје, во Музејот на националната борба на македонскиот народ, по значајните манастири и цркви низ Македонија, како и во зимските туристички центри.

– Изборот на секоја странка е уникатен, а Управата за водење на матичните книги ги почитува желбите на граѓаните на Република Македонија и бракот надвор од службените простории се склучува таму каде што ќе посакаат – вели Зеќироски. Во согласност со измените на Законот за семејството од 2011 година бракот меѓу мажот и жената може да се склучи и на локации што тие ги сметаат за најповолни како почеток на нивниот заеднички живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top