| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е ова исчезнатиот „боинг 777“?

digitalglobe-S1_646571S1Додека низ светот кружат разни теории за заговор за мистериозното исчезнување на „боингот 777“ на „Малезија ерлајнс“, а десетици бродови обидувајќи се да ги лоцираат остатоците на авионот на површината на Јужнокорејско Море, во расчистувањето на мистеријата се вклучи и компанијата „Дигитал глоуб“.

Таа компанија во вселената имаше неколку сателити, кои можат да ја снимаат земјината површина во висока резолуција, а пред пет дена е почната посебна веб-страница на која од час во час се објавуваат нови фотографии, кои посетителите можат да ги пребаруваат. Ако некој забележи нешто што би можело да укаже на делови на авион или некоја друга сомнителна појава врзана со можното место на несреќата, како на пример нафтена дамка, можат да остават забелешка на фотографијата.

Таква забелешка остави и Мајк Себергер, кој посочи фотографија на која смета дека се гледа авион.

– Прво помислив дека нема шанси да пронајдам  што било толку брзо, но тогаш почнав да го враќам делот, кој сѐ повеќе ме потсетуваше на авион – вели Себергер за „Си-Ен-Ен“.

Тој не е целосно сигурен за која точно локација се наоѓа, но се надева дека неговиот пронајдок наскоро би можел да биде верификуван.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top