| четврток, 6 декември 2018 |

Монструозно убиство го потресе Смедерево

policija-policijska-traka-foto-dragan-kadic-1382525808-385739
Монструозно убиство го потресе Смедерево, откако 61-годишниот Милосав Којадиновиќ ја убил својата невенчана сопруга Живадинка Пауновиќ.Убиството се случилово вчера во раните утрински часови во куќата каде живееле под кирија.

Тој ја убил со удар од тапиот дел на секира во глава, а кога видел дека дава знаци за живот земал нож и и го пресекол вратот. Потоа ја исчистил куќата, а околу 6:30 самиот се пријавил во полиција.

На инспекторите детално им го опишал убиството, а изјавил дека Живадинка претходната ноќ му најавила дека ќе си замине кај едно од нејзините две деца.

„Ми рече дека не може да живее во сиромаштво, но јас не можев да живеам без неа. Ја молев да остане, но не вредеше. Потоа не можев да се смирам и се скаравме. Набргу ја убив,“ изјавил Којадиновиќ во полиција, пренесоа српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top