| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Хронично болните до побрза терапија преку подвижните аптеки

Никола-Тодоров

Проектот „Подвижни аптеки“ ќе придонесе за подобрување на здравствената заштита на жителите од помалите населени места каде заради малиот број жители досега немало интерес за отворање аптека.

-Подвижнитен аптеки ќе имаат обврска два до три пати во текот на месецот да ги посетуваат населените места каде што нема аптека, ниту пак има финансиска исплатливост да биде отворена аптека. Ние правевме детална анализа, станува збор за некаде околу 1400 места каде  нема аптека, претежно рурални средини со 700-800 жители, некои се со 100-200, а некои се под 50 жители.  Околу 260 илјади жители се опфатени со овој проект, рече министерот Тодоров во дневникот на Канал 5.

Тој потенцираше дека овој проект е корисен затоа што поголем дел од овие луѓе се лица кои се во поодминати години.ж

-Од анализите кои ги има министерството гледаме дека најголем дел од рецептите кои се издаваат се со хронична терапија. Очекувам хронично болните да имаат многу полесен и побрз пристап до терапијата во местото каде што живеат преку овие таканаречени подвижни аптеки, рече Тодоров.

Рурален доктор е со помал број на населени места, околу 1200, но со поголем број на жители, некаде околу 350 илјади жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top