Фактор објави интервју на Руфи Османи, кој е претседател на НДП и поранешен градоначалник на Гостивар. Османи излезе со фалби за Пендаровски кажувајќи дека е скроен по неговиот и вкусот на Албанците во Македонија.
-Ако победи Пендаровски верувам дека тој има перформанси да биде позитивен модел на модерен Претседател, независно кој ќе победи на парламентарните избори, вели во интервју за Фактор Руфи Османи, претседател на партијата за Национална демократска преродба (НДП), поранешен пратеник, екс-градоначалник на Гостивар, универзитетски професор. Во исто време тој заговара и промена на Уставот и косензуален претседател.
НДП е на став дека во пакет со унапредување на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО треба да се промени Уставот на РМ како плод на еден поширок консензус помеѓу македонскиот и албанскиот фатор од сите сфери, изјавува Османи.
Тој додава дека Македонија треба да биде држава на двата конститутивни народа , македонскиот и албанскиот, со два службени јазици и со консензуални механизми за избор на Влада, усвојување на буџет и исклучување на можноста од мајоризација за прашања од стратегиски и национален интерес за двата народа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.