| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз за крај, Металург загуби од Татран Прешов со 20-27

Со пораз од 7 гола разлика во Словачка, Металург ги заврши настапите во овој циклус натпревари во СЕХА лигата и не успеа да обебзеди настап на фајналфор турнирот. Татран Прешив беше подобар и славеше со 27-20.

Македонскиот вицешампион и пред овој меч, немаше шанса за пробив во завршницата и битка за титулата во Нови Сад, па Лино Червар одлучи да го подмлади составот. Шанса добија помладите ракометари, а неискуството се покажа како клучно за новиот пораз.

Дејан Пецаковски и Мартин Манасков беа најефикасни со по 4 гола кај Металург, по 3 постигнаа Злтако Мојсовски, Никола Кеџо и Никола Марковски, а по еднаш мрежата на Словаците, кои беа домаќини ја затресоа Бојан Маџовски и Филип Талевски.

Кај Татран Хрстка и Чип беа најпрецизни со по 5 гола.

Македонија ќе има претставник на фајналфорот, а за титулата во Нови Сад ќе се бори Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top