| четврток, 6 декември 2018 |

Странските инвеститори и во услови на криза инвестираат во Македoнија

Vladimir-Pesevski-3

Народна банка на Македонија во последниот извештај нотира дека ризиците по светската економија се зајакнати заради случувањата во Украина. Нестабилноста во земјата ќе влијаат на цените на енергенсите и на храната, пред се на житните производи.

За состојбата во земјава, НБРМ оценува дека растот ќе продолжи, најверојатно со интензитет како и во третиот квартал од 2013 година. Оптимизмот се должи на поволните движења кај клучните економски сектори, градежниот и индустрискиот сектор.

Имено, индустријата во јануари забележа раст од 6,4% споредено со истиот период лани. Паралелно со ова, се зголемил и бројот на работниците во индустријата и тоа за 6,5. Во период од осум години, бројката на работниците во индустријата се зголемила за 27.000 што за надлежните се одлични показатели.

Странските инвеститори и во услови на криза, инвестираат во Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски беше гости во дневникот на Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top