| четврток, 6 декември 2018 |

Oстри реакции на граѓаните за тендерите што ги добиле роднините на Шекеринска

radmila-sekerinska

Дали е потребно Радмила Шекеринска да влезе во Владата за да се наместат тендери за нејзини блиски роднини? Заменик претседателот на СДСМ, вчера излезе со тврдење дека точно 2.737 дена не влегла во ниту една канцеларија во Владата на Република Македонија – пишува Курир.

Поратлот понатаму додава дека иако  Радмила Шекеринска цели 90 месеци не влегла во Владата, како што самата тврди, очигледно нејзината братучетка Искра Петровска „влегла“ и добро се офајдила. Ова укажува дека Шекеринска нема потреба да влезе во Владата за да може нејзини блиски да добиваат тендери.

-Ваквиот став на Шекеринска според познавачите претставува уште еден арогантен обид од страна на вториот човек на најголемата опозициска партија за потценување на граѓаните. Со невлегувањето на Шекеринска во Владата, нејзината братучетка заработила 12 илјади евра само за два месеци, тендери добиени од институција каде што човек од СДСМ располага со средства кои се странска помош наменета за државни потреби. После ова, се поставува прашањето, ако братучетката на Шекеринска заработила 12 илјади евра за само два месеци без шефицата на социјалдемократите да влезе канцеларија во Владата, тогаш колку би заработила доколку Шекеринска влезе во Владата? Некои од опозициските портали во обидот да ја одбранат Шекеринска од очигледниот скандал, се потсмеваат со сумата од 12 илјади евра. Можеби за нив, кои како што е општо познато добиваат огромни суми на пари од Фондацијата Сорос, тешки милиони евра за медиуми и невладин сектор 12.000 евра се малку, но за граѓаните се многу – додава порталот.


Одговорот и ароганцијата на Шекеринска не поминуваат кај граѓаните

– Што се однесува до нашите стандарди и животниот стандард тоа се премногу пари за обичниот граѓанин кај нас. Меѓутоа во тие кругови кај што се движи Шекеринска, можеби се тоа за нив малку пари, а за обичниот граѓанин секако се премногу пари, смета еден граѓанин.

Тој додава дека тендерите дека треба да бидат реално распределени и добробит да имаат и обичните луѓе, а не само одредени луѓе кои се во блиски фамилијарни односи со високи членови на политички партии, како што сега е случај со Шекеринска.

– Па пред се би кажал дека тендерите не би требало да се даваат на свои роднини, нека си ги добијат тендерите оние кои што навистина заслужуваат и таа сума што е земена е преголема за нас обичните граѓани, додава друг жител.

Граѓаните сметаат дека станува збор за голема сума на пари, па се прашуваат дали некој изгубил чувство за износ или нешто друго е во прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top